Групацијата NOVOMATIC започна со голема крводарителска акција
Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, групацијата NOVOMATIC започна со голема крводарителска акција во која се вклучени вработените во автомат клубовите Адмирал и Астра, Казино Фламинго Хотел Гевгелија и ХТЛ Македонија. Денес тие даруваа крвни единици во Домот на хуманитарни акции Даре Џамбаз во Скопје и во Казино Фламинго Хотел во Гевгелија. Акцијата продолжува и во следните денови на која ќе се приклучат сите вработени во автомат клубовите, членки на Групацијата Новоматик во Северна Македонија.
Ние како општествено одговорни компании, целосно сме свесни дека врвен приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните и одржување на капацитетите на јавното здравство и затоа се решивме на ваков чекор. Веруваме дека во услови на ваква сериозна криза ќе дадеме скромен придонес во обезбедување на крвни единици за оние пациенти на кои им се неопходни.



