Адмирал партнер на Македонскиот спорт
Автомат клубовите АДМИРАЛ во Македонија се присутни од 2009 година од основањето на компанијата МА Гаминг ДООЕЛ Скопје како претставник на австриската компанија НОВОМАТИК. Во текот на повеќе од 10 години постоење и успешно работење, компанијата се етаблираше како општествено одговорна компанија која е активно вклучена во сите сегменти на општествениот живот преку спонзорства и донации во повеќе области.
До сега успешно се реализирани многу проекти во спортот, уметноста, културата, здравството и вложувања во локалната заедница. Неодамна кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје ги потврди големите амбиции за натпреварувачката 2022/23 година, со објавата на новиот спонзор АДМИРАЛ, што ги израдува навивачите, но истовремени и ги зголеми очекувањата за потенцијалниот спортски успех на тимот од Аеродром на сите фронтови.
Несомнено е дека секој вид поддршка за професионалниот спорт значи сериозен придонес во правилниот развој и воспитувањето на младината од различни генерации. Младите гледаат свои идоли во професионалните спортисти и неретко се идентификуваат со индивидуалните и колективните успеси. Не случајно е и ова партнерство на АДМИРАЛ во македонската кошарка.
„Во рамки на нашите деловни можности продолжуваме и понатаму да придонесуваме во општествениот развој. Во нашиот корпоративен код е вградена општествената одговорност. Не само тука, туку и секаде во светот каде е застапен АДМИРАЛ. Младите се иднината на секоја држава и затоа наш фокус е подршката на проекти кои инвестираат во нивниот правилен развој, едукација и воспитување. Веруваме дека партнерството на АДМИРАЛ со МЗТ е еден вистински чекор во таа насока “, изјави г-дин Петар Пенчев, директор на МА Гаминг ДООЕЛ Скопје.
Линк до објавата на КК МЗТ Скопје.