ADMIRAL продолжува со својата поддршка за младите и талентирани лица во различни области на уметноста.
Минатата недела претставник на ADMIRAL ја врачи донацијата составена од електрична гитара Schecter Nick Johnston Trad-HSS и појачало од марката Peavey на младата надежна гитаристка Гентиана Јашари. Гентиана е член на музичката група YOLO Band од Гостивар кои до сега успешно настапувале на многу меѓународни натпревари во повеќе држави во светот како што се САД, Германија, Бугарија и Турција.
На YOLO Band им посакуваме многу успех во остварување на своите желби и соништа.

