Политика на Приватност

 

  1. ВОВЕД

Заштитата на вашата приватност е сериозна задача за МА Гаминг, затоа сакаме да можете да ги посетувате нашите веб страници без грижа за вашата безбедност. Генерално е можно да ја користите нашата веб страна без откривање на личните податоци. Следната Изјава за Приватност ќе ви овозможи преглед на гаранцијата на МА Гаминг за заштита на вашата приватност, видот на податоци кои што се собираат како и целта на истото.

 

  1. ИП АДРЕСА

ИП адресата се пренесува на секое барање на серверот за да истиот знае каде треба да прати одговор. Вашиот Провајдер на Интернет Услуги (Internet Service Provider – ISP) ви доделува ИП адреса веднаш штом ќе се поврзете на интернет и ISP може да следи која ИП адреса е доделена на кој клиент во одредено време. Сé додека ИП адресата се чува, теоретски е возможно да се идентификува сопственикот на интернет врската преку ISP. Затоа, ние и нашите провајдери не ги чуваме ИП адресите за постојано туку само привремено за препознавање на сесијата и од безбедносни причини (на пример за одбрана од хакерски напади). ИП адресата потоа веднаш се брише, така што било какви собрани податоци се анонимни и повеќе не е возможно да се идентификува корисникот, ниту преку ISP.

 

  1. КОЛАЧИЊА

3.1. Целта на колачињата

За да ви дозволиме користење на веб страната на МА Гаминг без ограничувања, користиме нешто што се нарекува колачиња на сесија. Колачиња на сесија се мали пратки со информации кои автоматски се сочувуваат во меморијата на компутерот на посетителот на веб страната. Во колачето се депонира единствен идентификациски број кој се создава по случаен избор, така наречен ИД сесија. Колачето дополнително содржи информации за неговото потекло и животен век. Овие колачиња немаат можност да сочуваат било каков друг вид на податоци. Овозможувањето на колачињата на вашиот компјутер не ни дава можност да ги видиме фајловите на вашиот компјутер.

По завршување на сесијата, односно откако ќe го затворите вашиот пребарувач, овие колачиња автоматски се бришат. Треба да ги активирате колачињата за да може да користите услуги на веб страни кои бараат автентикација.

 

3.2. Следење на колачиња

Кога и да ја посетите нашата веб страница, некои од податоците кои ги собираме се користат за статистичка евалуација. Обемот на такви податоци е опишан подолу. Податоците се користат само интерно и првенствено користат за постојано подобрување на нашата веб страница и прилагодување на истата на вашите деловни  или лични барања.

Со цел следење на истите, користиме Piwik алатка (piwik.org). Во текот на посетата на нашата веб страница собираме и правиме проценка на следните податоци кои вашиот пребарувач ги праќа на нашиот сервер. Податоците се собираат со употреба на JavaScript кој е управуван од секоја веб страница. JavaScript поставува колаче за следење на вашиот компјутер за да ја идентификува сесијата на вашиот пребарувач и да препознае повторен пристап до веб страницата.

Се собираат следните податоци:

  • Барање (име на бараниот фајл со податоци) вклучувајќи параметри
  • Тип и верзија на пребарувач (пр. Internet Explorer 6.0)
  • Јазик на пребарување (пр. англиски)
  • Кој оперативен систем се употребува (пр. Windows XP)
  • Внатрешна резолуција на вашиот прбарувачки прозорец
  • Резолуција на екранот
  • Активирање на JavaScript
  • Инсталирани додатоци (Java, Flash, Real, Quicktime, …)
  • Колачиња вклучени/исклучени
  • Длабочина на бит во боја
  • URL на упатувачот (претходно посетена веб страница вклучувајќи парамети, на пр. Барани ставки во пребарувачот, …)
  • IP адреса за идентификување на земјата на потекло. Самата IP адреса се користи само за географско алоцирање и идентификување на провајдерот и веднаш потоа се брише.
  • Време и дата на пристап
  • Кликови

Било какви лични детали кои сте ги внеле во еден од нашите формулари, било за барање на информација или стапување во контакт со нас, исто така се сочувани. МА Гаминг ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво во согласност со релевантните закони и регулативи.

3.3. Управување со колачиња

Подесувањата на вашиот пребарувач ви овозможуваат да подесите како сакате да биде управувањето со колачињата. Стандардно, пребарувачот е подесен да прими сесија со колачиња. Имате опција да одбиете користење на сесија со колачиња.

 

  1. ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

МА Гаминг ја почитува приватноста (заштита на податоци), безбедноста на информацијата и доверливоста како основа за стабилен и успешен однос со клиентите. Затоа сакаме да ве информираме за Политиката на Приватност која е применета во МА Гаминг.

4.1. Принципи на приватност

Заштитата на вашата приватност и безбедноста на вашите лични податоци се многу важни за нас.

Сите апликации со податоци кои се управувани од МА Гаминг, се во согласност со одредбите на Општата Регулатива за Заштита на Лични Податоци на Европската Унија (скратено GDPR) како и други регулативи специфични за областа. Во согласност со член 5 од GDPR, од сите вработени се бара да ги обработуваат вашите лични податоци на законски и фер начин и на начин кој е разбирлив за вас и во согласност со тајност на податоци во дел 6 од Актот за Заштита на Податоци (DPA).

Усогласеноста на заштитата на податоци и регулативите за безбедност на податоци е гарантирана во целата Групација со примена на следните обврзувачки мерки:

  • Концепт на Приватност
  • Политика на Приватност
  • Програма на Приватност
  • Систем за Менаџирање на Приватност

4.2. Концепт на Приватност

Концептот на Приватност го воспоставува саканото ниво на безбедност на заштита на податоци (услови на заштита) како што е дефинирано од правните застапници на МА Гаминг. Ова служи како основа за развој на барањата на Политиката на Приватност и на постојаниот процес на подобрување на приватноста во рамките на МА Гаминг.

 

4.3. Политика на Приватност

На сметка на проценка на процесите поврзани со приватноста и релевантната легислатива на заштита на податоци, создадена е пишана Политика на Приватност за МА Гаминг која служи како основа за имплементација на Програмата за Приватност и воспоставување на Систем за Менаџирање на Приватност.

4.4. Програма на Приватност

Како дел од Програмата на Приватност, постојано се наведуваат целите на заштитата на податоци и се дефинираат мерките кои треба да се применат во форма на работна програма и се обезбедуваат во соодветни рокови за имплементација.

4.5. Систем за Менаџирање на Приватност

Системот за Менаџирање на Приватност ги дефинира правилата, политиките, мерките, методите, одговорностите, процедурите и организациските структури за имплементирање и следење на Програмата на Приватност.

Моделирана според меѓународни стандарди ISO 9001:2008 и ISO/IEC 27001:2005, нашата Политика на Приватност е создадена во согласност со моделот ПНПП (Планирај, Направи, Провери, Постапи) за да се постигне постојано подобрување.

4.6. Активности на обработка

Во согласност со член 30 од GDPR, МА Гаминг одржува т.н. “евиденција на активности на обработка“ во која се документирани апликациите со податоци управувани од МА Гаминг како и релевантните активности на обработка. Оваа постоечка евиденција треба секогаш да биде ажурирана во согласност со одредбите од заштита на податоци од член 30 од GDPR.

4.7. Посебни категории на лични податоци

МА Гаминг не обработува посебни категории на лични податоци на својата веб страница според член 9(1) од GDPR.

4.8. Гарантирана Заштита на Податоци

Во основа ние не обработуваме ваши лични податоци без ваша согласност или во рамки на постоечки договорен однос со вас и за договорена цел.  Вашите лични податоци ги чуваме во согласност со применливите пропишани законски рокови.

4.9. Пренесување и предавање на податоци

Секое пренесување на лични податоци на трети лица е исклучиво со ваша согласност. Исклучок од ова се пренесувањата на податоци како дел од законска обврска или исполнување на договор. Пренесувањето на лични податоци до обработувачите (провајдери на услуги) во принцип, ќе бидат ограничени на оние кои ќе обезбедат доволно гаранции за имплементирање на соодветни технички и организациски мерки на начин на кој обработката на личните податоци ќе биде во согласност со барањата на GDPR и ќе обезбеди заштита на правата на лицето на кое се однесуваат податоците.

4.10. Безбедност на податоци

Применетите техологии од страна на МА Гаминг за обработка на вашите лични податоци (хардвер, софтвер, мрежа, инфраструктура) се во согласност со најсовремените безбедносни технологии. Воспоставени се соодветни технички и организациски мерки за овие процедури за да се усогласат со барањата на GDPR.

 

  1. ПРЕДВИДЕНИ ИНФОРМАЦИИ

Ве информираме за личните податоци кои што се обработуваат на оваа веб страница и побарувањата и правата на заштита на податоци на кои имате право.

5.1.Категории на лични податоци

Личните податоци кои што сами ќе ги внесете во формуларите за “барање на информација”, “апликација” и “контактирајте нé” се обработуваат. МА Гаминг ги обработува вашите лични податоци исклучиво во контекст на целта за која доброволно сте ги дале вашите податоци во остварување на правото за информациско самоопределување. Оваа согласност за обработка на вашите лични податоци за наведените цели останува валидна додека не ја отповикате, во било кое време, во рамки на регулативите за заштита на податоци.

5.2. Право на пристап до лични податоци

Во согласност со одредбите од GDPR, вие имате право на информација во секое време за вашите податоци кои се обработуваат во МА Гаминг, нивното потекло како и можниот примател на преноси и целта за која ќе се користат податоците. Информацијата може да се добие врз основа на ваше писмено барање до Офицерот за Заштита на Лични Податоци во МА Гаминг, наведено под точка 5.10. Доколку сите правни услови за обработка на вашето барање се исполнети, ние истот ќе го прифатиме и ќе ви одобриме соодветен пристап до вашите лични податоци во рок од 1 (еден) месец.

5.3. Право на бришење

Во согласност со одредбите од GDPR, во било кое време, вие имате право на бришење на вашите лични податоци кои биле обработени од МА Гаминг, само доколку вашето барање за бришење не е во спротивност со било какви потенцијални законски периоди на задржување или други правни обврски. Доколку се исполнети сите предуслови за примена на вашето барање за бришење, ние ќе го прифатиме и ќе ги избришеме вашите податоци во рок од 1 (еден) месец.

5.4. Право на приговор

Во согласност со одредбите од GDPR, вие имате право, доколку обработката на вашите лични податоци не е законски предвидена, да приговарате за нарушување на вашите интереси за доверливост кои треба да се заштитат. Доколку се исполнети овие предуслови, ние ќе ги избришеме вашите податоци во рок од 1 (еден) месец, земајќи ги во предвид евентуалните законски периоди на задржување.

5.5. Право на ограничување на обработка

Во согласност со одредбите од GDPR, вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци под одредени услови. Доколку сите законски предуслови се исполнети, ние ќе го ограничиме обработувањето на вашите лични податоци во рок од 1 (еден) месец.

5.6. Категории на приматели

Податоците нема да бидат предадени на приматели кои ги користат овие податоци за свои цели. Не е предвиден пренос на приматели во трети земји или на меѓународни организации. Не постои процес на автоматско донесување на одлуки.

5.7. Право на преносливост

Не постои право на преносливост на податоци.

5.8. Отповикување на согласност

Во согласност со одредбите од GDPR, вие имате право во било кое време да ја отповикате својата согласност за обработка на вашите лични податоци, без наведување на причина. Во таков случај, ние понатаму нема да ги обработуваме вашите податоци и ќе ги избришеме, земајќи ги во предвид евентуалните законски периоди на задржување, во рок од  1 (еден) месец.

5.9. Жалби до надлежната Институција за Заштита на Податоци (Агенција за Заштита на Лични Податоци – АЗЛП)

Во согласност со одредбите од GDPR и Актот за Заштита на Лични Податоци на Северна Македонија (Закон за Заштита на Лични Податоци – ЗЗЛП), вие имате право да се жалите до надлежната Институција за Заштита на Лични Податоци доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци ги крши GDPR или Актот за Заштита на Лични Податоци на Северна Македонија.

5.10. Дополнителни информации

Вашата доверба ни е многу важна. Ако имате дополнителни прашања во врска со обработката на вашите лични податоци од страна на МА Гаминг, ве молиме не двоумете се писмено да го контактирате Офицерот за Заштита на Лични Податоци во МА Гаминг на следната адреса:

МА Гаминг ДООЕЛ

Ул.50-та Дивизија 24а

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Е-маил: admiral@htl.mk