Барате интересна и перспективна работа во успешна компанија? Тогаш АДМИРАЛ е за тебе!
МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје е општествено одговорна компанија која брои повеќе од 700 вработени, дел од големото NOVOMATIC семејство, лидер во индустријата за игри на среќа и забавни игри.
Нашата најголема придобивка во повеќе од 15 години успешно работење се вработените кои благодарение на нивните вештини, посветеност и одлучност, заеднички ја креираат својата светла иднина. Нашите вработени со нивната посветеност и лојалност , се клучен дел од успесите и растот на компанијата во целост.
МА ГАМИНГ нуди:
- работа во брзорастечка компанија ;
- работа во млад, креативен и амбициозен тим ;
- отворен и чесен однос, добри меѓучовечки односи и пријателска средина ;
- можност за професионално напредување ;
- јасно поставено скалило на одговорности и очекувања ;
- компетитивна плата;
- законски надоместоци (регрес, минат труд, јубилејни награди) и други надоместоци (склучување на брак, смрт во семејството, новогодишна награда) ;
- право на 20 работни дена платен годишен одмор ;
- работно време од 08:00 до 12:00 часот секој работен ден во неделата ;
- награда за препорачан пријател ;
- искуство не е неопходно, бидејќи е обезбедена обука ;
- обезбедена работна униформа ;
- бесплатни безалкохолни пијалоци и кафиња во текот на работната смена ;
- новогодишни прослави, забави за нови подружници и родендени на клубови.
МА ГАМИНГ бара:
- со или без ССС ;
- флексибилност и проактивност ;
- друштвеност, комуникативност и позитивен став ;
- самоиницијативност во секојдневната работа ;
- чесен однос кон работата, доверливост, лојалност и одговорност .
Доколку верувате дека сте идеални за оваа работна позиција, аплицирајте и испратете го вашето CV со контакт број.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.