МА Гаминг ДООЕЛ, општествено одговорна компанија, основана е уште од 2009 година во Македонија и денес брои повеќе од 700 вработени. Со повеќе од 15 години успешно работење, МА Гаминг, како своја најголема придобивка ги смета своите вработени кои благодарение на нивните вештини, посветеност и одлучност, заеднички ја креираат својата светла иднина. Нашите вработени, со нивната посветност и лојалност, се клучен дел од успесите и растот на компанијата во целост. Кај нас ве очекуваат многу различни активности и нови предизвици.
Доколку веруваш дека си за оваа работа тогаш МА Гаминг ти нуди:
- Сигурна работа во успешна и брзорастечка компанија
- Јасно поставено скалило на работни обврски и очекувања
- Работа во забавна и динамична средина
- Тимско работење, со добри меѓучовечки односи и пријатна работна атмосфера
- Договор за работа во согласност со законот, 20 дена годишен одмор, законски надоместоци (регрес, минат труд, јубилејни награди) и други надоместоци (склучување на брак, смрт во семејството,новогодишна награда)
- Обезбедени работна униформа и обувки
Потребни вештини и барања:
- Минимум завршено основно образование
- Претходно работно искуство не е неопходно
Ако сметаш дека си идеален за оваа работа, аплицирај и вработи се како Хигиеничар/ка и биди дел од успешниот тим на Адмирал. Испратете го вашето CV, со контакт број, и доколку сте избрани во потесен круг, ќе бидете повикани на интервју.