Новоматик Македонија, лидер во индустријата за игри, прави чекор вреден за почит станувајќи генерален спонзор и поддржувач на најпознатиот фудбалски клуб во нашата држава, ФК Вардар.
Ова спонзорство не е само општествено одговорна активност, туку демонстрација на заеднички вредности и визија за успех и извонредност и во бизнисот и во спортот.
Поддршката од Новоматик Македонија ќе значи и сериозен чекор напред кон реализација на амбициозните планови за ФК Вардар и негово враќање на славните патеки на големо задоволство на тимот, управата, но пред се на верните навивачи.